Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот)

Користењето на Ecol Drum Clean (еколошко чистење на барабанот) ви помага да ја одржите чистотата на машината за перење дури и без какви било хемиски детергенти или средства за белење. Одржувајте ја чистотата на барабанот и отстранете ги миризбите со специјалниот програм за чистење.

Функција за заклучување за деца

Функцијата за заклучување за деца ги чува љубопитните детски раце подалеку од машината за перење.

Оваа безбедносна функција ги спречува децата да си играат со машината за перење при нејзината работа и ве известува кога е активирана.

Одложено завршување

Одложете го циклусот до 19 часа со чекор од по еден час и зголемете ја практичноста на користењето на машината особено во ситуации кога мора да излезете.

Дигитален графички екран

Дигиталниот графички екран на контролната плоча е јасен и едноставен, за минимална збунетост при користењето. Но освен што е едноставен за користење, дигиталниот графички екран ќе ви овозможи брзо и прецизно прилагодување на перењето за добивање на одлични резултати.

Широка врата

Исклучително широко отворање на вратата за практичен преглед! Лесно ставајте и вадете ги алиштата, особено големите парчиња како постелнина, крпи за бришење итн.

Aqua Hose (Црево за вода) и сензор за истекување (одредени

модели)

Овој умно дизајниран систем за безбедност од евентуална поплава кај Самсунг машините за перење вклучува интелигентно црево што го запира истекувањето на водата на изворот и сензор за истекување на дното. Ако цревото се скине или се детектира истекување вода, ќе се рашири внатрешниот сунѓер за да ја блокира водата од славината.

Керамички грејач за трајност и заштеда на енергија

(одредени модели)

Нашиот иновативен керамички грејач трае двапати подолго од стандардните грејачи. Со тоа ќе заштедите пари на поправките. Плус, се елиминира бигорот кај тврдата вода и се заштедува енергија.

Ова упатство содржи важни информации за инсталирањето, користењето и грижата за вашата нова Samsung машина за перење. Користете го за добивање на преглед на контролната плоча, напатствија за користење на машината за перење и совети за извлекување максимум од врвните функции и особини. Делот “Отстранување на проблеми и информативни кодови” на страница 36 ви нуди совети за тоа што да направите ако нешто не е во ред со вашата нова машина за перење.

карактеристики на вашата нова samsung машина за перење _3

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 3

2013-7-20 12:40:00

Page 399
Image 399
Samsung WF1802WFVS/YLE Eco Drum Clean еколошко чистење на барабанот, Функција за заклучување за деца, Одложено завршување