Samsung WF1802WFVS/YLE manual My cycle мојот циклус

Models: WF1802WFVS/YLE

1 660
Download 660 pages 58.42 Kb
Page 423
Image 423

My cycle (мојот циклус)

Ви овозможува активирање на ваше сопствено перење (температура, центрифуга, ниво на нечистотија итн.) со едно практично копче.

Притискајќи го копчето My Cycle (мојот циклус), притиснете го копчето My Cycle (мојот циклус) повторно за да ги активирате и користите зачуваните опции на My Cycle (мојот циклус). Индикаторот за “My Cycle” (мојот циклус) ќе засвети дека е активен. Исто така, сијаличките за избраните циклуси и опции ќе почнат да трепкаат.

Сите опции за режимот My Cycle (мојот циклус) може да ги поставите на следниот начин.

1.Отворете го доводот на вода.

2.Притиснете го копчето Power (напојување).

3.Изберете циклус користејќи го Cycle Selector (Избирачот на циклус).

4.По избирање на циклусот, поставете ја секоја опција.

Погледнете ја “табелата на програми” на страница 38 за да ги видите достапните поставувања на опциите за секој циклус.

5.Потоа може да ги зачувате избраниот циклус и опциите со притискање и задржување на копчето My Cycle (мојот циклус) подолго од 3 секунди додека сте во режимот My

Cycle (мојот циклус). Циклусот и опциите кои ги избравте ќе се прикажат следниот пат кога ќе ја изберете функцијата My Cycle (мојот циклус).

Можете да ги промените поставувањата на My Cycle (мојот циклус) со повторување на истиот процес како и погоре. Следниот пат кога ќе ја изберете функцијата My Cycle (мојот циклус) ќе се прикажат последните употребени поставувања.

Ако го притиснете копчето My Cycle (мојот циклус) 3 секунди и го пуштите, ќе се појават циклусот и опциите кои претходно сте ги зачувале. Ако го притиснете и задржите копчето My Cycle (мојот циклус) 3 секунди или подолго, циклусот и опциите

кои се тековно избрани ќе бидат зачувани, а LED сијаличката ќе трепка 3 секунди.

Перење на алишта со користење на избирачот за циклус

Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy Control” системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење, машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.

1.Отворете ја славината за вода на лавабото.

2.Притиснете го копчето Power (напојување).

3.Отворете ја вратата.

4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.

5.Затворете ја вратата.

6.Додадете детергент, омекнувач и детергент за предперење (по потреба) во соодветните прегради.

Pre-wash (предперење) е можно само кога се избрани програмите Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Bedding (постелнина), Dark Garment (темна облека), Daily Wash (вообичаено перење) и Baby care (грижа за бебиња). Потребна е единствено доколку ткаенините се многу валкани.

7.Користете го Избирачот за циклус за избор на соодветниот циклус во зависност од типот на материјалот: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Bedding (постелнина), Dark Garment (темна облека), Daily Wash (вообичаено перење), Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот), Super Eco Wash (супер еколошко перење), Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот), Baby Care (грижа за бебиња), Wool (волна), Hand Wash (рачно перење).На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.

8.Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да ги контролирате температурата на перењето, бројот на плакнењата, брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.

9.Притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза) и перењето ќе започне. Индикаторот за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.

Опција за пауза

Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/ извадите облека.

1.Притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза) за отклучување на вратата.

Вратата не може да се отвори кога водата е премногу ЖЕШКА или кога нивото на водата е премногу ВИСОКО.

2.По затворањето на вратата, притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза) за повторно започнување на перењето.

Кога циклусот е завршен:

Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи.

1.Отворете ја вратата.

2.Извадете ги алиштата.

перење на алишта _27

02 перење на алишта

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 27

2013-7-20 12:40:11

Page 423
Image 423
Samsung WF1802WFVS/YLE manual My cycle мојот циклус, Перење на алишта со користење на избирачот за циклус