Не употребувајте детергент за суво чистење директно и не перете, плакнете или центрифугирајте алишта извалкани со детергент за суво чистење.

-Тоа би можело да предизвика спонтано согорување или палење поради оксидација на маслото.

Не користете ја топлата вода од уреди за ладење/греење.

-Тоа може да предизвика проблеми кај машината.

Немојте во машината да користите природен сапун за перење на рака.

-Ако тој се стврдне и залепи во внатрешноста на машината, може да дојде до проблеми кај производот, промени на бојата, ‘рѓосување или смрдеа.

Немојте во мрежата да перете големи парчиња алишта, како на пример постелнина.

-Ставајте ги чорапите и градниците во мрежата за перење и перете ги заедно со другите алишта.

-Доколку не постапите така, може да дојде до повреда, предизвикана од ненормалните вибрации.

Не користете стврднат детергент.

-Ако се наталожи во внатрешноста на машината, тоа би можело да предизвика протекување на водата.

Кај машините за перење со отвори за вентилација во основата, погрижете се отворите да не бидат затворени со килим или други пречки.

Испразнете ги џебовите на облеката што ќе се пере.

-Тврди, остри предмети, како парички, безопасни, шајки, шрафови или камења, може да предизвикаат големо оштетување на машината.

Не перете облека со големи токи, копчиња или друг тежок метал.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЕРИОЗНИ ЗНАЦИ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ ЧИСТЕЊЕТО

Не чистете го уредот со директно прскање вода врз него. Немојте да користите јако средство за чистење со киселини.

Не употребувајте бензол, разредувач или алкохол за чистење на уредот.

-Тоа може да предизвика промена а бојата, деформација, оштетување, струен удар или пожар.

Извлечете го штекерот од приклучокот, пред да почнете со чистење или одржување.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

УПАТСТВО ВО ВРСКА СО ОЗНАКАТА “WEEE”

Правилно депонирање на овој производ

(Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

безбедносни информации _11

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 11

2013-7-20 12:40:02

Page 407
Image 407
Samsung WF1802WFVS/YLE manual Упатство ВО Врска СО Ознаката Weee