
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЗАЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО ИДНИНА. Потрудете се постојано да ги следите овие мерки за безбедност.
Пред да започнете да ја користите печката, прочитајте и следете ги следните инструкции.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (само функција за микробранови)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или делот за затворање се оштетени, печката не треба да се употребува сè додека не се поправи од страна на квалификувано лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризично е лицата кои не се компетентни да вршат сервис или поправка со отстранување на капакот кој овозможува заштита од микробрановата енергија.
Овој уред е наменет за користење само во домаќинства.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дозволена е употреба на печката од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи печката на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца, освен ако се на возраст од 8 години или повеќе и се надгледуваат.
Користете садови исклучиво наменети за употреба во микробранови печки.
Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте да не дојде до палење.
Микробрановата печка е наменета за загревање на храна и пијалоци. Сушење храна или облека
изагревање на подлоги за топлење, топлинки, сунѓери, влажни алишта и слично може да предизвика ризик од повреди, палење или пожар.
Ако избувне чад, исклучете го уредот или прекинете го напојувањето и оставете ја вратата затворена за да се изгасне пламенот.
01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Македонски - 3
20/12/2014 13:40:16