Не поставувајте ја микробрановата печка во топла и влажна околина како на пример во близина на шпорет или радијатор. Спецификациите за напојување на печката треба да се почитуваат и секој продолжителен кабел треба да ги задоволува истите стандарди кои важат за кабелот кој се испорачува со печката. Пред првото користење на микробрановата печка избришете ја внатрешноста и вратата за затворање со влажна крпа.
ЧИСТЕЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат редовно за да не се таложат остатоци од маснотии и храна:
•Внатрешните и надворешните површини
•Вратата и шарките
•Плочата и кружните прстени
(само модел со вртлива плоча)
СЕКОГАШ проверувајте дали шарките од вратата се чисти и дали вратата е добро затворена.
Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.
1.Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница. Исплакнете и исушете.
2.Отстранете ја нечистотијата од внатрешната површина на печката со насапунета крпа. Исплакнете и исушете.
3.За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете чаша со разблажен лимонов сок во печката и загрејте десет минути со најголема јачина.
4.Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во машина за миење садови.
НЕ истурајте вода на вентилацијата. НИКОГАШ не употребувајте абразивни или хемиски средства. При чистењето на шарките од вратата особено внимавајте да нема остатоци:
•Кои се наталожени
•Го попречуваат затворањето на вратата
01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Македонски - 7
20/12/2014 13:40:18