Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за напојување и допирните точки со помош на сува крпа.
Кабелот за напојување не треба да се влече, прекумерно да се витка или да се ставаат тешки предмети врз него.
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека уредот се користи.
Немојте да ги ставате вашите прсти или надворешни супстанци, доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како вода, извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
Немојте да вршите прекумерно притискање или удирање на уредот.
Немојте да ја поставувате печката врз кршливи елементи како лавабоа или стаклени елементи.
При чистење на уредот не користете бензен, разредувач, алкохол, чистач на пареа или чистач со висок притисок.
Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние од спецификациите на производот.
Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Не употребувајте адаптер со повеќе приклучни места, продолжителен кабел или електричен трансформатор.
Не го закачувајте кабелот за напојување на метални предмети, вметнете го кабелот за напојување помеѓу предметите или зад печката.
Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори.
Кога приклучокот или кабелот за напојување ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.
Не сипувајте или прскајте вода директно на печката.
Не ставајте предмети на печката, во нејзината внатрешност или на нејзината врата.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од печката.
Не ставајте запаливи материјали во печката. Обрнете посебно внимание при загревање на храна или пијалоци кои содржат алкохол бидејќи алкохолната пареа може да дојде во контакт со некој жежок дел од печката.
Не дозволувајте им на децата да се приближуваат до вратата кога ја отворате или затворате, бидејќи може да се удрат во неа или да им ги стиснете нивните прсти со вратата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Загревањето на течности во печката може да доведе до задоцнето вриење, затоа внимавајте кога ракувате со садот; За да се заштитите во ваква ситуација СЕКОГАШ оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по загревањето.
Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за ПРВА ПОМОШ:
•Изгорената површина потопете ја во ладна вода
најмалку 10 минути.
•Покријте ја со чиста, сува крпа.
•Не ставајте креми, масла или лосиони.
Не ставајте го садот или решетката во вода непосредно по готвењето, бидејќи може да дојде до кршење или оштетување на садот или рештката.
Не употребувајте ја микробрановата печка за пржење во длабоки садови полни со масло, бидејќи температурата на маслото не може да се контролира. Тоа може да резултира со ненадејно зовривање на жешката течност.
01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Македонски - 9
20/12/2014 13:40:25