Кога користите безжичен полнач, меѓу уредот и безжичниот полнач не ставајте други тела, како на пример метални предмети, магнети и картички со магнетна лента

Уредот може да не се полни правилно или да се презагрее.

Не гризете ги и не шмукајте ги уредот или батеријата

Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот, или до експлозија или пожар.

Децата или животните може да се задушат со ситните делови.

Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно го користат.

Не ставајте го уредот или испорачаниот дополнителен прибор во очите, ушите или устата

Во тој случај може да дојде до гушење или сериозни повреди.

Не употребувајте оштетена или Литиум-јонска (Li-Ion) батерија што истекува

За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска батерија, контактирајте го Вашиот најблизок овластен сервисен центар.

Внимание

Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и прописи, може да настанат повреди или оштетување на имотот

Не користете го уредот во близина на други електронски уреди

Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали. Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите електронски уреди.

Користењето податочна врска LTE може да предизвика пречки со другите уреди, како што се аудио-опрема и телефони.

Македонски