Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога не сте во движење или пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите повици кога не сте во движење.

Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат да го оттргнат Вашето внимание. Дајте му до знаење на лицето со кое разговарате дека возите во моментот и прекинете ги сите разговори кои можат да Ви го одземат вниманието од патот.

Правилно грижете се и користете го правилно Вашиот уред

Уредот мора секогаш да биде сув

Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или електричните кола на Вашиот уред.

Не вклучувајте го Вашиот уред додека е мокар. Ако уредот веќе е вклучен, исклучете го и извадете ја батеријата веднаш (ако уредот не може да се исклучи или не можете да ја извадите батеријата, оставете го како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и однесете го во сервисен центар.

Во овој уред се вградени индикатори за течност. Оштетувањата на Вашиот уред предизвикани од вода може да ја поништат гаранцијата на производителот.

Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини

Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.

Уредот може да се употребува на места со амбиентална температура од 0 °C до 35 °C. Можете да го складирате уредот на амбиентална температура од -20 °C до 50 °C. Користењето или складирањето вон препорачаните опсези на температура може да предизвикаат оштетување на уредот или да го намалат животниот век на батеријата

Не чувајте го Вашиот уред во многу топли простории како на пример во автомобил летно време. Во спротивно може да дојде до неправилно функционирање на екранот, оштетување на уредот или експлодирање на батеријата.

Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина подолго време (на пример, на контролната табла во автомобилот).

Македонски