Чистење на микробрановата печка
Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат редовно за да не се таложат остатоци од маснотии и храна:
•Внатрешните и надворешните површини
•Вратата и шарките
•Плочата и кружните прстени
СЕКОГАШ проверете дали шарките од вратата се чисти и дали вратата е добро затворена.
Лошото одржување на печката може да доведе до оштетување на површината што би предизвикало расипување на печката и можни несакани ситуации.
1.Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница. Исплакнете и исушете.
2.Отстранете ја нечистотијата од внатрешната површина и од кружниот прстен со насапунета крпа. Исплакнете и исушете.
3.За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете чаша со разблажен лимонов сок на плочата и загрејте десет минути со најголема јачина.
4.Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во машина за миење садови.
НЕМОЈТЕ да истурате вода на вентилацијата. НИКОГАШ не употребувајте абразивни и хемиски средства. При чистењето на шарките од вратата особено внимавајте да нема остатоци:
•Кои се наталожени
•Го попречуваат затворањето на вратата
Технички спецификации
SAMSUNG постојано се труди да ги подобрува своите производи. Дизајнот и спецификациите во упатството се предмет на промени без претходна најава.
Модел | MW71B |
|
|
Извор на напојување | 230 V ~ 50 Hz |
|
|
Потрошувачка на енергија |
|
Микробранови | 1150 W |
|
|
Излезна моќност | 100 W / 800 W |
|
|
Работна фреквенција | 2450 MHz |
|
|
Магнетрон | OM75S(31) |
|
|
| Вентилатор за ладење со |
Метод на ладење | електромотор |
|
|
Димензии (Ш x В x Д) |
|
Надвор | 489 x 275 x 320 mm |
Внатрешност на печка | 330 x 211 x 309 mm |
|
|
Зафатнина | 20 литри |
|
|
Тежина |
|
Нето | околу 10,5 kg |
|
|
15