Вашиот уред може да создаде пречки на погонската опрема.

Електронските уреди во Вашиот автомобил може да работат неправилно заради радио-пречки од Вашиот уред. Контактирајте го производителот за повеќе информации.

Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и прописи коишто се однесуваат на употребата на Вашиот уред додека возите

Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување со возилото. Никогаш не користете го Вашиот уред додека возите, ако тоа

езабрането со закон. За Вашата безбедност и безбедноста на другите, користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети:

• Запознајте се со Вашиот уред и со неговите погодни функции, како што се брзо бирање и повторно бирање. Овие функции Ви помагаат да го намалите времето потребно за остварување или за примање повици на Вашиот мобилен уред.

• Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен. Осигурете се дека

имате пристап до Вашиот безжичен уред без да го тргате погледот од патот. Ако доаѓа дојдовен повик во незгодно време, оставете да одговори говорната пошта наместо Вас.

• Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ сообраќај може да бидат опасни.

• Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување на листата со задачи или листањето по Вашиот адресар го одзема Вашето внимание од Вашата примарна одговорност за безбедност при возењето.

• Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога не сте во движење или пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите повици кога не сте во движење.

• Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат да го оттргнат Вашето внимание. Дајте му до знаење на лицето со кое разговарате дека возите во моментот и прекинете ги сите разговори кои можат да Ви го одземат вниманието од патот.

Македонски

272