Не касајте ги и не шмукајте ги уредот или батеријата.

Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот или до есплозија.

Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно го користат.

Не го ставајте уредот или испорачаниот дополнителен прибор во очите, ушите или устата

Бидејќи на тој начин може да дојде до гушење или сериозни повреди.Кога го користите уредот:Држете го уредот исправено, исто како и обичниот телефон.Зборувајте директно во микрофонот.

Не допирајте ја внатрешната антена на уредот. Тоа може да резултира со намален квалитет на разговорот или да предизвика уредот да емитува непланирани нивоа енергија на радио-фреквенција (RF).

Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалкиСлушањето со висока јачина на тонот може да му наштети на Вашиот слух.

• Слушањето со висока јачина на тонот може да го оттргне Вашето внимание и да предизвика несреќа.

Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги вклучите слушалките во изворот на звук и користете го само нагодувањето за јачина на минимум, потребно да го слушате Вашиот разговор или музика.

Во суви средини, статичкиот електрицитет може да се појави во слушалките. Избегнувајте користење слушалки во суви средини или допрете метален предмет за да го испразните статичкиот електрицитет пред да ги поврзите слушалките во уредот.

Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или кога сте во движење

Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди на Вас и на другите.

Внимавајте кабелот на слушалките да не се заплетка во Вашите раце или блиски предмети.

Не носете го уредот во задните џебови или околу половинатаАко паднете, може да се повредите или да го оштетите уредот.

Македонски

276