Не распространувајте материјали со заштитени авторски права

Не распространувајте материјал со заштитени авторски права без дозвола од сопственикот на правата. Правејќи го тоа може да доведе до прекршување на законите за авторски права. Производителот не е одговорен за било какви правни прашања предизвикани од илегалната употреба на материјали со заштитени авторски права.

Правилно депонирање на овој производ(Отпадна електрична и електронска опрема)(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Ознаката на производот, опремата или литературата означува дека производот и неговите електронски додатоци (на пример, полнач, слушалки, USB кабел) не треба да бидат фрлени со останатиот отпад од домаќинството.

За избегнување на можни штети врз околината или човечкото здравје предизвикани со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

Македонски

279