Samsung FQV313T004/BOL manual Користење на упатството, Сериозни повреди или смрт

Models: FQV313T004/BOL

1 336
Download 336 pages 51.91 Kb
Page 114
Image 114

користење на упатството

Ви благодариме што купивте SAMSUNG печка на пареа.

Вашето упатство содржи важни безбедносни инструкции и суштински информации околу користењето и водењето грижа за вашата нова печка на пареа.

Пред употребата на печката, ве молиме внимателно да го прочитате ова упатство и да го задржите за понатамошно користење.

Практично брзо упатство во кое се објаснети основните операции за готвење можете да најдете во предниот дел.

Безбедносни информации

Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме внимателно да го прочитате ова упатство и да го чувате на безбедно место во близина на уредот за користење во иднина.

Овој уред употребувајте го единствено за наменетата функција како што е опишано во ова упатство. Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност. Предупредувањата и важните безбедносни мерки во ова упатство не ги опфаќаат сите околности и ситуации кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на вашиот уред.

Бидејќи следните напатствија за користење опфаќаат различни модели, карактеристиките на вашата микробранова печка можат малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и можно е некои предупредувања да не бидат релевантни. Доколку имате прашања или одредени грижи, обратете се до најблискиот сервисен центар или побарајте помош и информации преку интернет од www. samsung.com.

Важни симболи за безбедност и мерки на претпазливост.

Во текстот од упатството се користат следните симболи:

 

Ризично или опасно ракување кое може да предизвика

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

сериозни повреди или смрт.

 

 

 

Ризично или опасно ракување кое може да предизвика

ВНИМАНИЕ

помали повреди или оштетување на околината.

 

 

 

За да го намалите ризикот од пожар, експлозија,

 

електричен удар и други повреди при употребата на

ВНИМАНИЕ

микробрановата печка, придржувајте се кон следните

 

мерки на претпазливост

2_ користење на упатството

FQV313T004_BOL-03643P_MK.indb 2

2010-07-30 �� 6:12:45

Page 114
Image 114
Samsung FQV313T004/BOL Користење на упатството, Сериозни повреди или смрт, Помали повреди или оштетување на околината