Samsung FQV313T004/BOL manual Внимание Мерки на претпазливост при користењето

Models: FQV313T004/BOL

1 336
Download 336 pages 51.91 Kb
Page 119
Image 119

Доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како вода, извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Ако се појави чад, исклучете го уредот или прекинете го напојувањето и оставете ја вратата затворена за да се изгасне пламенот;

ВНИМАНИЕ Мерки на претпазливост при користењето

Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте да не дојде до палење;

За малите количества храна потребно е пократко време на готвење или загревање. Доколку се постават стандардните времиња може да дојде до прегревање и загорување.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

Обрнете внимание бидејќи пијалоците или храната можат да бидат многу жешки по загревањето.

-Особено внимавајте дали храната е доволно изладена при хранење на дете. Обрнете внимание кога загревате течности како вода или други пијалоци.

-Промешајте за време или по готвењето.

-Избегнувајте користење на лизгави шишиња со тесно грло.

-Извадете го шишето најмалку 30 секунди по загревањето.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до ненадејно претекување на содржината и изгореници.

Немојте да ја фаќате храната или кој било дел за време или непосредно по готвењето.

-Употребувајте ракавици за готвење бидејќи тие можат да бидат многу жешки и можете да се изгорите.

-Ако нанапред повлечете керамичка чинија или повеќенаменска тава, храната може да се истури и може да дојде до изгореници.

Доколку површината е напукната, исклучете го преклопникот за напојување на уредот.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар. Немојте да го гребете стаклото на вратата од печката со остар предмет.

-Ова може да предизвика оштетување или кршење на стаклото.

Немојте да се качувате врз уредот или да поставувате предмети врз него (како алишта, капаци, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети итн.).

-Одредени предмети, како алишта, можат да бидат потфатени од вратата.

-Ова може да предизвика електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.

Немојте да ракувате со уредот со мокри раце.

-Ова може да предизвика електричен удар.

Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од уредот.

-Освен што е штетно за луѓето, тоа исто така може да предизвика електричен удар, пожар или проблеми со производот.

Немојте да вршите прекумерно притискање или удирање на вратата или внатрешноста од уредот.

-Ова може да предизвика деформирање на уредот или повреда заради истекување на електрични бранови.

-Потпирањето на вратата може да предизвика паѓање на производот и повреда.

-Ако вратата е оштетена, немојте да го употребувате уредот и обратете се до најблискиот сервисен центар.

Немојте да го поставувате уредот врз кршливи елементи како лавабоа или стаклени елементи.

-Ова може да предизвика оштетување на лавабото или стаклениот елемент. Користете го уредот само откако ќе ја затворите вратата.

-Ако уредот го користите кога тој е контаминиран со надворешни супстанци како отпадоци од храна, може да настанат проблеми со уредот.

користење на упатството _7

FQV313T004_BOL-03643P_MK.indb 7

2010-07-30 �� 6:12:46

Page 119
Image 119
Samsung FQV313T004/BOL manual Внимание Мерки на претпазливост при користењето