Внимавајте при отстранувањето на обвивката на храната која штотуку сте ја извадиле од уредот.

-Ако храната е жешка, при отстранувањето на обвивката ненадејно може да се рашири жешка пареа и можете да се изгорите.

Немојте да го откачувате уредот со повлекување на кабелот за напојување, секогаш цврсто фатете го приклучокот и повлечете директно од штекерот.

-Оштетувањето на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или електричен удар.

Немојте да го приближувате лицето или телото до уредот за време на готвењето или при отворање на вратата веднаш по готвењето.

-Обрнете внимание децата да не се доближуваат до уредот.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници заради топлината.

Не поставувајте храна или тешки предмети врз вратата при нејзиното отворање.

-Храната или предметот можат да паднат и тоа може да предизвика изгореници или повреда.

Немојте да вршите нагло разладување на вратата, внатрешноста на уредот или садовите преку истурање на вода врз нив веднаш по готвењето.

-Ова може да предизвика оштетување на уредот. Пареата или прскањето со вода можат да предизвикаат изгореници или повреда.

Не вклучувајте го уредот кога картриџот за довод на вода е оштетен.

-Кога картриџот е скршен или пукнат, не го употребувајте и обратете се до најблискиот сервисен центар.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреди.

Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на чистењето

Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода.

За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.

-Ова може да предизвика обезбојување, деформирање, оштетување, електричен удар или пожар.

Пред чистење или одржување, исклучете го апаратот од ѕидниот штекер и отстранете ги остатоците храна од вратата и одделот за готвење.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на стаклото од вратата на печката кои може да го оштетат и да придонесат тоа да се скрши.

Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок притисок или пареа.

За време на чистењето, површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина

Истурената храна мора да се отстрани пред чистењето и треба да се внимава кои садови може да се остават во рерната за време на чистењето.

ВНИМАНИЕ Мерки на претпазливост при чистењето

Чистете ја печката редовно и отстранете ги сите остатоци од храна.

Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.

Внимавајте да не се повредите при чистењето на уредот (надворешно/внатрешно).

-Можете да се повредите на острите рабови од уредот. Немојте да користите уреди за чистење со пареа.

-Ова може да предизвика корозија.

8_ користење на упатството

FQV313T004_BOL-03643P_MK.indb 8

2010-07-30 �� 6:12:46

Page 120
Image 120
Samsung FQV313T004/BOL manual Предупредување Сериозни предупредувања во однос на чистењето