употреба на печката

Поставување на режимот за функција на готвење

Завртете го вртливото копче за избор на функција на готвење за да ја изберете саканата функција на печката.

Режими на печката

Во следната табела се претставени разните режими на печката и поставувањата на печката.

Користете ги табелите од водичот за готвење на тие режими како упатство за готвење.

Режим

Опис

Режим со пареа

Храната се готви со пареа која ја обезбедува генератор на пареа и ја вбризгува во празнината преку неколку млазни прскалки.

Овој режим е погоден за готвење храна со пареа како што е зеленчук, риба, јајца, овошје и ориз. Кога готвите со користење на овој режим, секогаш полнете го резервоарот за вода со свежа вода.

Температурен опсег: 40~100 °C

Комбиниран режим со пареа

Храната се готви со режимот на печка со вентилатор и со помош на пареа. Пареата ја обезбедува генератор на пареа и ја вбризгува во празнината на интервали.

Овој режим е погоден за печење слатки, како што се лиснати теста, пити со јаболка, француски лебови, земички, парчиња леб, кроасани, багети и пити со квасец. Супер-загреаната пареа ќе обезбеди прекрасна крцкава, сјајна површина и мека структура. Печените меса

ириби ќе ја задржат посочната текстура во себе. Кога готвите со овој режим, секогаш полнете го резервоарот за вода со свежа вода. Температурен опсег: 100~230 °C

Режим за регенерирање/подгревање

Храната се подгрева со режимот на печка со вентилатор и со помош на пареа. Пареата ја обезбедува генератор на пареа и ја вбризгува во празнината на интервали.

Овој режим е погоден за сервирани оброци. Садовите може нежно да се загреат без да се исушат. Кога подгревате со овој режим, секогаш полнете го резервоарот за вода со свежа вода.

Температура: 120 °C

употреба на печката _17

ата чкпе наб тре по 03 У

FQV313T004_BOL-03643P_MK.indb 17

2010-07-30 �� 6:12:54

Page 129
Image 129
Samsung FQV313T004/BOL manual Употреба на печката, Поставување на режимот за функција на готвење, Режими на печката