Samsung FQV313T004/BOL manual Користење на упатството

Models: FQV313T004/BOL

1 336
Download 336 pages 51.91 Kb
Page 117
Image 117

За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во печката.

При преместување на грејните елементи, употребете опрема која е дизајнирана за преместување на грејни елементи, носејќи ги заштитните ракавици кои се испорачуваат со производот, при што температурата треба доволно да опадне (најмалку 10 минути по печењето или комбинираното готвење).

СЕКОГАШ употребувајте ракавици при вадење на сад од печката за да не се изгорите.

Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата.

Причина : Топлиот воздух и пареата кои излегуваат може да предизвикаат изгореници.

Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Содржината на шишињата и тегличките со храна за деца треба да се промешаат или протресат и да се провери температурата пред употребата, за некој да не се изгори.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Дозволена е употреба од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи печката на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Кога уредот работи во комбиниран режим, децата може да ја употребуваат печката само под надзор на возрасен заради температурата која се ослободува.

Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Достапните делови може да се загреат за време на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.

Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.

-Ова може да предизвика електричен удар.

Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека е во тек користењето на уредот.

-Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.

Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи амбалажата може да биде опасна за децата.

-Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да дојде до задушување.

Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, изгореници или повреди.

Никогаш не го употребувајте овој уред за други намени освен за готвење.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.

Пред готвењето, отворете ги затворените садови и шишиња (бебешки шишиња, шишиња за млеко, итн.) и направете отвор со нож во храната со оклоп или тврда кора (јајца, костени, итн).

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници или повреди заради распрснувањето на таквата храна.

користење на упатството _5

FQV313T004_BOL-03643P_MK.indb 5

2010-07-30 �� 6:12:46

Page 117
Image 117
Samsung FQV313T004/BOL manual Користење на упатството