НЕ обидувајте се.

НЕ расклопувајте.

НЕ допирајте.

Експлицитно следете ги упатствата.

Извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер.

Проверете дали машината е заземјена заради избегнување на електричен удар.

Повикајте го сервисниот центар за помош.

Забелешки

Важно

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на инсталирањето

Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификуван сервисер обучен од производителот. Ве молиме погледнете го делот “Инсталирање на печката на пареа”.

Приклучете го кабелот за напојување во соодветен ѕиден штекер и тој штекер употребувајте го единствено за овој уред. Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Дополнително, немојте да користите продолжителен кабел.

-Доколку не се придржувате кон ова и ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го продолжите кабелот за напојување може да дојде до електричен удар или пожар.

-Не користете електричен трансформатор. Тоа може да предизвика електричен удар или пожар.

Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано техничко лице или компанија за сервисирање.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреди.

Микробрановата печка е наменета за користење единствено на работна маса во кујна и таа не смее да се поставува во витрина.

Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или запалив материјал. Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место, или на место изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).

Немојте да го инсталирате овој уред на место на кое е можно да истекува гас.

-Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на комби, каравани и слично.

Апаратот мора да биде правилно заземјен. Немојте да го заземјувате апаратот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонска линија.

-Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.

-Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е правилно заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и националните прописи.

користење на упатството _3

FQV313T004_BOL-03643P_MK.indb 3

2010-07-30 �� 6:12:46

Page 115
Image 115
Samsung FQV313T004/BOL manual Користење на упатството