Samsung FQV313T004/BOL manual Користење на упатството

Models: FQV313T004/BOL

1 336
Download 336 pages 51.91 Kb
Page 118
Image 118

Не допирајте ја внатрешноста на уредот веднаш по готвењето, бидејќи внатрешноста е жешка по долго загревање или по загревање на мало количество храна.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници.

Никогаш не загревајте пластични или хартиени садови и немојте да ги користите при функционирањето на печката.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.

Внимавајте храната да не доаѓа во допир со грејачот при готвењето на храната во печката.

-Ова може да предизвика пожар. Немојте да ја прегревате храната.

-Ова може да предизвика пожар.

Немојте да загревате храна завиткана во хартија како на пр. списанија или весници.

-Ова може да предизвика пожар.

Не употребувајте и не поставувајте запаливи спрејови или предмети во близина на печката.

-Ова може да предизвика пожар или експлозија.

Не отворајте ја вратата кога храната во одделот за готвење е запалена.

-Ако ја отворите вратата ќе навлезе кислород и тоа може да предизвика пожар.

Немојте да ги ставате вашите прсти, надворешни супстанци или метални предмети како што се игли во деловите за довод, одвод, внатрешните и надворешните делови на картриџот за довод на вода, и отворите. Доколку во некој од овие отвори навлезе надворешна супстанца, извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер и обратете се до вашиот продавач или најблискиот сервисен центар.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или повреди.

НИКОГАШ не преполнувајте го садот до врвот и избирајте садови кои имаат поширок горен дел во однос на дното, за да се спречи изливање на течноста. Шишињата со тесно грло може да експлодираат ако се прегреат.

НИКОГАШ не загревајте го шишето за бебе заедно со цуцлата, бидејќи може да експлодира доколку се прегрее.

НЕ допирајте ги загреаните делови или внатрешноста на печката додека не се оладат.

Не вклучувајте го кабелот за напојување доколку е воден и држете го подалеку од загреана површина.

Не вклучувајте го уредот ако кабелот или приклучокот се оштетени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Ако вратата или делот за затворање се оштетени, печката не треба да се употребува сè додека не се поправи од страна на квалификувано лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Течностите и останатата храна не смеат да се загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија.

Ако уредот е преплавен, веднаш прекинете го доводот на напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите модификации на уредот.

-Бидејќи во куќиштето на уредот постои висок напон, тоа може да предизвика електричен удар или пожар.

-Вие можете да бидете изложени на електромагнетни бранови.

-Кога е потребна поправка на уредот, обратете се до најблискиот сервисен центар.

6_ користење на упатството

FQV313T004_BOL-03643P_MK.indb 6

2010-07-30 �� 6:12:46

Page 118
Image 118
Samsung FQV313T004/BOL manual Користење на упатството