Препорачуваме квалификуван техничар или сервисна компанија да го инсталира фрижидерот.

-Во спротивно, може да дојде до струен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреда.

Со прекумерно товарење на вратите, фрижидерот може да падне и да дојде до физичка повреда.

За да спречите опасност од експлозија, погрижете се да оставите најмалку 3 mm простор околу конструкцијата за вентилација на уредот.

Приклучокот мора да биде лесно достапен за да се овозможи брзо исклучување на уредот од напојувањето во итни случаи. Приклучокот мора да биде поставен настрана од задната површина на уредот за приклучокот да биде видлив од предната страна.

информации Безбедносни

Критични знаци на предупредување при употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не вклучувајте ја приклучницата во ѕиден приклучок со влажни раце.

-На тој начин може да дојде до струен удар.

Не чувајте предмети на горната страна на уредот.

-Кога ја отворате или затворате вратата, предметите може да паднат и да предизвикаат телесна повреда и/или материјална штета.

Не ставајте раце, стапала или метални предмети (како стапчиња за јадење) во долниот или задниот дел од фрижидерот.

-Тоа може да доведе до струен удар или повреда.

Македонски  11

Untitled-18 11

 

 

2017-11-23 ￿￿ 3:59:34