Безбедносни информации

информации Безбедносни

Не користете фен за коса за да ја исушите внатрешноста на фрижидерот. Не ставајте запалена свеќа во фрижидерот за отстранување на непријатните миризби.

-Тоа може да доведе до струен удар или пожар.

Не качувајте се врз уредот и не ставајте предмети врз него (алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети, итн.). Ова може да предизвика струен удар, пожар, проблеми со производот или повреда. Не ставајте садови полни со вода врз уредот.

-Ако се истури, постои ризик од пожар или струен удар.

Не употребувајте механички направи или други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние коишто се препорачани од производителот.

Не оштетувајте го разладното коло.

Никогаш не гледајте директно во ултравиолетовата LED ламба подолг временски период.

-На овој начин може да дојде до надразнување на очите како резултат на ултравиолетовите зраци.

Не поставувајте ја наопаку полицата на фрижидерот. Стопирачот за полица може да не работи.

-Може да дојде до телесна повреда како резултат на паѓање на стаклото на полицата.

Држете ги прстите подалеку од областите на „штипнување“. Празниот простор помеѓу вратите и кујнскиот елемент е обично мал. Внимавајте при отворање на вратите кога децата се во близина.

Ако се забележи истекување на гас, избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на палење и проветрете ја неколку минути просторијата во којашто е поставен уредот.

-Не допирајте ги уредот или струјниот кабел.

14  Македонски

Untitled-18 14

 

 

2017-11-23 ￿￿ 3:59:34