ЧЕКОР 3 Подна покривка

• Површината за инсталирање на фрижидерот мора да ја издржи тежината на целосно наполнет фрижидер.

• За да го заштитите подот, ставете големо парче картон на секоја ногалка на фрижидерот.

• Кога фрижидерот ќе биде во конечната позиција, не поместувајте го освен ако тоа не е потребно за заштита на подот. Ако е потребно, употребете дебела хартија или крпа, како на пример, стар тепих низ патеката на движење.

ЧЕКОР 4 Приспособете ги ногалките за нивелирање

ВНИМАНИЕ

Фрижидерот мора да биде поставен на рамен, цврст под. Во спротивно, може да дојде до оштетување на фрижидерот или до физичка повреда.

Нивелирањето мора да се изврши со празен фрижидер. Погрижете се да не остане храна во фрижидерот.

Фрижидерот може да се нивелира со помош на предните ногарки кои имаат специјални завртки (нивелатори) наменети за нивелирање. Користете рамен шрафцигер за нивелирањето.

За да ја прилагодите висината на левата страна:

Вметнете го рамниот шрафцигер во нивелаторот на предната лева ногалка. Завртете го нивелаторот во правец на стрелките на часовникот за подигнување или, пак, спротивно од стрелките на часовникот за спуштање.

Инсталирање

За да ја прилагодите висината на десната страна:

Вметнете го рамниот шрафцигер во нивелаторот на предната десна ногалка. Завртете го нивелаторот во правец на стрелките на часовникот за подигнување или, пак, спротивно од стрелките на часовникот за спуштање.

Македонски  37

Untitled-18 37

 

 

2017-11-23 ￿￿ 3:59:37