Операции

05 Мрежно поврзување (само кај одредени модели)

Изборниот Smart Home Dongle (се продава посебно) може да го користите за контрола и следење на вашиот фрижидер преку апликацијата Samsung Smart Home. За повеќе информации за Samsung Smart Home, погледнете го делот за Samsung Smart Home.

ЗАБЕЛЕШКА

Во препорачаните системи за шифрирање спаѓаат WPA/TKIP и WPA2/AES. Сите понови или нестандардизирани протоколи за автентикација на Wi-Fi не се поддржани.

Уредите за безжична комуникација во непосредна близина во опкружувањето може да влијаат врз безжичните мрежи.

Ако вашиот давател на интернет услуги ја регистрирал MAC адресата на вашиот компјутер или модем поради идентификација, вашиот паметен фрижидер од Samsung може да не се поврзе на интернет. Во тој случај, обратете се кај вашиот давател на интернет услуги за да добиете техничка помош.

Поставките за заштитниот ѕид на вашиот мрежен систем може да го спречат паметниот фрижидер од Samsung да пристапи на интернет. Обратете се кај вашиот давател на интернет услуги за да добиете техничка помош. Ако проблемот не се отстрани, обратете се во локалниот центар за сервисирање или продажба на Samsung.

За конфигурирање на поставките за безжичната пристапна точка (AP), погледнете го упатството за користење на пристапната точка.

Паметните фрижидери од Samsung опремени со Smart Home Dongle од Samsung ги поддржуваат и протоколот за Wi-Fi 2,4 GHz со IEEE 802.11 b/g/n и протоколот за софтверска пристапна точка (се препорачува IEEE 802.11 n).

Можно е неовластените безжични Wi-Fi рутери да не можат да се поврзат со паметните фрижидери од

Samsung.

Операции

44  Македонски

Untitled-18 44

 

 

2017-11-23 ￿￿ 3:59:38