Безбедносни информации

Пред да го користите новиот Samsung фрижидер, целосно прочитајте го упатството за да се осигурате дека сте запознаени со тоа како безбедно и ефективно да ракувате со карактеристиките и функциите на новиот уред.

Овој уред не е наменет да го користат лица (вклучувајќи

идеца) со намалени физички, сензорски или ментални способности или лица без искуство и знаење, освен ако се под надзор и имаат добиено упатства за користење на уредот од страна на лицето коешто е одговорно за нивната безбедност.

Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку им се објаснат можните опасности.

Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и да го одржуваат уредот без надзор.

Предупредувањата и важните безбедносни совети во ова упатство не ги покриваат сите можни услови и ситуации до коишто може да дојде.

Ваша одговорност е да применувате здрав разум, внимание

игрижливост при инсталирање, одржување и ракување со уредот.

информации Безбедносни

Македонски  3

Untitled-18 3

 

 

2017-11-23 ￿￿ 3:59:33