информации Безбедносни

Безбедносни информации

Избришете го вишокот на влага во внатрешноста и оставете ги вратите отворени.

-Во спротивно може да дојде до појава на непријатен мирис.

Ако фрижидерот се исклучи од напојувањето, треба да почекате најмалку пет минути пред повторно да го вклучите.

Ако фрижидерот се навлажни со вода, извлечете ја приклучницата и контактирајте со сервисниот центар на

Samsung Electronics.

Не удирајте ги и не нанесувајте прекумерна сила на стаклените површини.

-Скршеното стакло може доведе до телесна повреда и/или материјална штета.

Внимвавајте да не ги фатите прстите.

Ако фрижидерот е поплавен, контактирајте со најблискиот сервисен центар.

-Постои ризик од струен удар или пожар.

Бидете претпазливи да не ги потфатите прстите во вратата на кујнскиот елемент кога го отворате или затворате.

Не чувајте растително масло во корпите на вратата на фрижидерот. Маслото може да премине во цврста состојба, поради што ќе добие лош вкус и ќе биде тешко за употреба. Освен тоа, маслото може да истече од отвореното шише и да предизвика пукнатина на корпата на вратата. Откако ќе отворите шише со масло, препорачливо е да го чувате шишето на ладно место што не е изложено на сончева светлина, како орман за садови или остава.

-Примери за растително масло: маслиново масло, пченкарно масло, масло од гроздови семки итн.

18  Македонски

Untitled-18 18

 

 

2017-11-23 ￿￿ 3:59:34