информации Безбедносни

Безбедносни информации

Поради тоа што следните упатства за ракување опфаќаат повеќе модели, карактеристиките на фрижидерот може малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и може да не важат сите предупредувачките симболи. Доколку имате прашања или недоумици, обратете се во најблискиот сервисен центар или побарајте помош и информации на интернет на www.samsung.com.

За да избегнете создавање на запалива мешавина од гас и воздух во случај на појава на протекување во колото на разладното средство, големината на просторијата во којашто апаратот може да биде поставен зависи од искористеното количество на разладно средство.

Никогаш не го вклучувајте уредот доколку постојат знаци на оштетување. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со продавачот. Просторијата мора да има 1 m³ површина за секои 8 g R-600a разладно средство во уредот. Количеството на разладно средство во вашиот апарат е прикажано на плочката за идентификација во внатрешноста на апаратот.

Разладното средство што протекува од цевките може да се запали или да предизвика повреда на очите. Кога разладното средство тече од цевката, избегнувајте отворен пламен, поместете ги запаливите работи подалеку од производот и веднаш проветрете ја просторијата.

- Во спротивно, може да дојде до пожар или експлозија.

Опасно е уредот да го сервисира кое било друго лице освен овластено лице за сервисирање.

Не чувајте експлозивни супстанци како на пример лименки со аеросол со запаливо гориво во уредот.

4  Македонски

Untitled-18 4

 

 

2017-11-23 ￿￿ 3:59:33