Ракување

Пиролитичко чистење

Пиролитичката функција претставува чистење со термално чистење под висока температура. Тоа ги гори масните остатоци и го олеснува рачното чистење.

Ракување

ВНИМАНИЕ

Не допирајте ја рерната бидејќи таа се загрева за време на циклусот на чистење.

За да избегнете несреќи, не дозволувајте им на децата да бидат во близина на рерната.

Откако ќе заврши циклусот, не исклучувајте го напојувањето додека работи вентилаторот за ладење чија функција е да ја излади рерната.

1.Отстранете ги сите додатоци, вклучувајќи ги и страничните шини, и избришете ги рачно големите нечистотии во внатрешноста на рерната. Во спротивно, тие може да се запалат за време на циклусот за чистење и да предизвикаат пожар.

2.Завртете го копчето за избор на режим за да изберете .

3.Завртете го вртливото копче за избирање вредности за да изберете Пиролитичко чистење (C 2), а потоа притиснете OK.

4.Завртете го вртливото копче за избирање вредности за да изберете едно од следите 3 нивоа за времето на чистење: 1 ч. 50 мин., 2 ч. 10 мин. и 2 ч. 30 мин.

5.Притиснете OK за да започнете со чистењето.

6.Кога ќе завршите, почекајте рерната да се олади, а потоа избришете ги рабовите на вратата со влажна крпа.

ЗАБЕЛЕШКА

Штом започне циклусот, внатрешноста на рерната почнува да се загрева. Потоа вратата се заклучува заради безбедносни причини. Кога циклусот ќе заврши и вратата на рерната ќе се олади, вратата ќе се отклучи.

Не заборавајте да ја испразните рерната пред чистењето. Додатоците може да се деформираат поради високата температура во рерната.

34  Македонски

NV75J5170BS_OL_DG68-00617E-01_MK.indd 34

2015-06-04

�� 11:06:12

Page 170
Image 170
Samsung NV75J5170BS/OL manual 34 Македонски