Миризба на нова рерна

Пред да започнете со првото користење на рерната, исчистете ја нејзината внатрешност за да се отстрани мирисот на нова рерна.

1.Отстранете ги сите додатоци од внатрешноста на рерната.

2.Вклучете ја рерната во режим на Конвекција 200 °C или Класично 200 °C во период од еден час. На овој начин ќе ги изгорите сите останати супстанции од производството во рерната.

3.Кога ќе завршите, исклучете ја рерната.

Паметен механизам за безбедност

Ако ја отворите вратата додека работи рерната, светилката на рерната ќе се вклучи, а вентилаторот и грејните елементи ќе престанат да функционираат. Ова е со цел да се спречат физички повреди како изгореници, како и да се спречи непотребно трошење на енергијата. Во тој случај, едноставно затворете ја вратата и рерната ќе продолжи да функционира нормално бидејќи ова не претставува дефект на машината.

Врата со внимателно затворање (нежно, безбедно и тивко)

Вградената рерна од Samsung се одликува со врата со внимателно затворање која се затвора нежно, безбедно и тивко. При затворање на вратата, специјално дизајнираните шарки ја прифаќаат вратата неколку сантиметри пред нејзината конечна положба. Ова е совршен допир за дополнителна удобност, кој овозможува на вратата да се затвора тивко и нежно. (достапноста на оваа функција зависи од моделот на рерната.)

Вратата започнува да се затвора забавено на агол од приближно 15 степени и се затвора целосно во временски период од прибл. 5 секунди.

Пред да започнете

Македонски  17

NV75J5170BS_OL_DG68-00617E-01_MK.indd 17

2015-06-04 �� 11:06:06

Page 153
Image 153
Samsung NV75J5170BS/OL Миризба на нова рерна, Паметен механизам за безбедност, Кога ќе завршите, исклучете ја рерната