МАКЕДОНСКИ

Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.

Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на комби, каравани и слично.

Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите или останатата храна не смеат да се загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија;

Уредот не треба да се чисти под млаз вода.

Оваа печка треба да се постави во соодветна насока и висина кои ќе овозможат лесен пристап до внатрешноста и делот за управување.

Пред да ја употребите печката за прв пат, печката треба да работи со вода во рок од 10 минути, па потоа да се користи.

Ако печката создава чуден звук, мирис на запалено или испушта чад, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

Микробрановата печка треба да се постави на

начин на кој приклучокот ќе биде достапен.

Микробрановата печка е наменета за користење

единствено на работна маса во кујна и таа не смее да се поставува во орман.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (само функција на рерна) - изборно

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога уредот работи во комбиниран режим, децата може да ја употребуваат печката само под надзор на возрасен заради температурата која се ослободува.

За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во печката.

4

GE73A-BOL_DE68-04050B-04_MK.indd 4

2013-09-16 �� 6:49:24

Page 68
Image 68
Samsung GE73A/BOL, GE73A/XEO manual Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот