МАКЕДОНСКИ

Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради безбедносни причини.

Ве молиме обратете се во најблискиот овластен центар за грижа за корисници на Samsung и побарајте квалификуван инженер да ја замени светилката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Вршењето модификации и поправки на уредот е дозволено само на овластен персонал.

Не загревајте течности и друга храна во затворени садови со функцијата за микробранови.

Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок притисок или пареа.

Немојте да го инсталирате овој уред: во близина на грејно тело, запалив материјал; на влажно, масно или прашливо место, на место изложено на директна сончева светлина и вода или на места каде што се можни истекувања на гас; на нерамна подлога.

Овој уред мора да биде соодветно заземјен во согласност со локалните и националните правила.

Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за напојување и допирните точки со помош на сува крпа.

Кабелот за напојување не треба да се влече, прекумерно да се витка или да се ставаат тешки предмети врз него.

Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување.

Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.

8

Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека уредот се користи.

Немојте да ги ставате вашите прсти или надворешни супстанци, доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како вода, извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

Немојте да вршите прекумерно притискање или удирање на уредот.

Немојте да ја поставувате печката врз кршливи елементи како лавабоа или стаклени елементи.

При чистење на уредот не користете бензен, разредувач, алкохол, чистач на пареа или чистач со висок притисок.

Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние од спецификациите на производот.

Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Не употребувајте адаптер со повеќе приклучни места, продолжителен кабел или електричен трансформатор.

Не го закачувајте кабелот за напојување на метални предмети, вметнете го кабелот за напојување помеѓу предметите или зад печката.

Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори.

Кога приклучокот или кабелот за напојување ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.

Не сипувајте или прскајте вода директно на печката.

Не ставајте предмети на печката, во нејзината внатрешност или на нејзината врата.

Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од печката.

GE73A-BOL_DE68-04050B-04_MK.indd 8

2013-09-16 �� 6:49:27

Page 72
Image 72
Samsung GE73A/BOL, GE73A/XEO manual Предупредување, Не сипувајте или прскајте вода директно на печката