МАКЕДОНСКИ

ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Вашата микробранова печка има вграден часовник. Кога напојувањето

евклучено, на екранот автоматски ќе се прикаже “:0”, “88:88” или “12:00”.

Ве молиме поставете го моменталното време. Времето може да биде прикажано во 24-часовен или 12-часовен формат. Часовникот мора да го поставите:

Кога првпат ја инсталирате вашата микробранова печка

По прекин на напојувањето

Не заборавајте да го наместите часовникот при премин од летно во зимско пресметување на времето и обратно.

Функција за автоматско заштедување на енергија Ако не изберете ниту една функција додека уредот ја поставува или се наоѓа во состојбата на привремено прекинување, функцијата ќе биде откажана и по 25 минути ќе се прикаже часовникот.

Лампата на печката ќе се исклучи по 5 минути доколку вратата е отворена.

1.За да се прикаже времето во...

24-часовен формат

12-часовен формат

Притиснете го копчето за Clock (Часовник) еднаш или двапати.

2.Поставете ги часовите со помош на копчето h и

минутите со помош на копчето min.

3.Кога ќе се прикаже точното време, повторно

притиснете го копчето за Clock (Часовник) за да го активирате часовникот.

Резултат : Времето се прикажува секогаш кога не ја користите микробрановата печка.

КАКО РАБОТИ МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА

Микробрановите се електромагнетни бранови со висока фреквенција; ослободената енергија овозможува готвење или подгревање на храната без промена на нејзината форма или боја.

Можете да ја користите микробрановата печка за:

Одмрзнување

Брзо подгревање/готвење

Готвење

Принцип на готвење.

1.Микробрановите генерирани од магнетрон се распределуваат рамномерно со вртењето на

храната поставена на плочата. На овој начин храната се готви рамномерно насекаде.

2. Микробрановите се апсорбираат од храната до длабочина од околу 1 инч (2,5 cm). Готвењето потоа продолжува со распределување на топлината во внатрешноста на храната.

3.Времето на готвење се менува во зависност

од садот кој се користи и карактеристиките на храната:

Количество и густина

Содржина на вода

Почетна температура (дали е замрзната или не)

Бидејќи централниот дел на храната се готви преку распределување на топлината, готвењето продолжува и по вадењето на храната од печката. Времето на стоење на храната назначено во рецептите или во ова упатство мора да се почитува за да се обезбеди:

Рамномерна зготвеност на храната и во средишниот дел

Подеднаква температура на целата храна

14

GE73A-BOL_DE68-04050B-04_MK.indd 14

2013-09-16 �� 6:49:31

Page 78
Image 78
Samsung GE73A/BOL, GE73A/XEO manual Поставување НА Времето, Како Работи Микробрановата Печка