ПРОВЕРКА ДАЛИ ПЕЧКАТА РАБОТИ ИСПРАВНО

Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата микробранова печка работи исправно. Отворете ја вратата од печката со притиснување на големото копче во десниот долен агол од контролната плоча.

Прво, поставете сад со вода на плочата. Потоа затворете ја вратата.

1.Притиснете го копчето за Power Level

(Ниво на јачина) и поставете го времето на

4-5 минути со притиснување на копчето 1 min (1 минута) соодветен број пати.

2.Притиснете го копчето за Start (Активирање) ().

Резултат : Печката ја загрева водата 4 до 5 минути. Потоа водата треба да зоврие.

Печката мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок. Плочата мора да биде поставена во печката. Доколку не се користи максималното ниво на јачина, ќе биде потребно подолго време за зовривање на водата.

ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕЖИМОТ ЗА ЗАШТЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА

Печката има режим за заштедување на енергија. Оваа функција заштедува електрична енергија кога печката не е во употреба.

Притиснете го копчето за Energy Save (Заштедување на енергија).

За прекинување на режимот за заштедување на енергија, отворете ја вратата и на екранот ќе се прикаже тековното време. Печката е подготвена за употреба.

ГОТВЕЊЕ/ПОДГРЕВАЊЕ

Следната процедура објаснува како да готвите или подгревате храна. СЕКОГАШ проверете ги поставените параметри пред да ја оставите печката без надзор.

Прво, поставете ја храната на средина од плочата. Потоа затворете ја вратата.

1.Притиснете го копчето за Power Level

(Ниво на јачина).

Резултат : На екранот се прикажува 750 W (максимална јачина на

готвење):

Изберете го соодветното ниво на јачина со притиснување на копчето за Power Level (Ниво на јачина) сè додека не се прикаже саканото ниво. Користете ја табелата за ниво на јачина на наредната страница.

2.Поставете го времето на готвење со

притиснување на копчињата 10 min (10 минути), 1 min (1 минута) и 10 s (10 секунди).

3.Притиснете го копчето за Start (Активирање) ().

Резултат : Светлото се вклучува и плочата

почнува да се врти.

1)Готвењето започнува и кога ќе заврши се слуша звучен сигнал "бип" четирипати.

2) Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати (еднаш во минута).

3)Моменталното време повторно се прикажува. Никогаш не вклучувајте ја печката кога е празна.

15

МАКЕДОНСКИ

GE73A-BOL_DE68-04050B-04_MK.indd 15

2013-09-16

�� 6:49:31

Page 79
Image 79
Samsung GE73A/XEO Проверка Дали Печката Работи Исправно, Поставување НА Режимот ЗА Заштедување НА Енергија, Ниво на јачина