СПЕЦИЈАЛНИ СОВЕТИ

ТОПЕЊЕ ПУТЕР

Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак. Загревајте 30-40 секунди со јачина од 750 W, додека путерот не се истопи.

ТОПЕЊЕ ЧОКОЛАДО

Ставете100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад.

Загревајте 3-5 минути, со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи. Промешајте еднаш или двапати за време на топењето. Употребете ракавици при вадењето!

ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД

Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.

Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W, додека медот не се истопи.

ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН

Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода. Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад. Загревајте 1 минута со јачина од 300 W.

Промешајте после топењето.

ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ)

Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.

Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со јачина од 750 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте двапати додека готвите.

ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ

Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен огноотпорен сад со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро.

Гответе покриено околу 10-12 минути со јачина од 750 W.

Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак. Затворете по 5 минути.

ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ

Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен сад со капак. Гответе покриено околу 6½ to 7½ минути со јачина од 750 W.

Промешајте добро неколку пати додека готвите.

ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ

Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна големина. Промешајте неколку пати за време на печењето од 3½ до 4½ минути со јачина од 600 W. Оставете да отстојат 2-3 минути во печката. Употребете ракавици при вадењето!

29

ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМ

Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги понудените решенија.

Ова е нормално.

Кондензација во внатрешноста на печката.

Струење на воздух околу вратата и надворешноста.

Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.

Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.

Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето ().

Дали вратата е целосно затворена? Храната воопшто не е зготвена.

Дали правилно го поставивте тајмерот и/или го притиснавте копето ()?

Дали вратата е затворена?

Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на осигурувачот?

Храната е премногу или недоволно зготвена.

Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот тип на храна?

Дали сте избрале соодветна јачина?

Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично празнење).

Дали сте користеле сад со метални делови?

Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на печката?

Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?

Светилката не работи.

Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради безбедносни причини. Ве молиме обратете се во најблискиот овластен центар за грижа за корисници на Samsung и побарајте квалификуван инженер да ја замени светилката.

МАКЕДОНСКИ

GE73A-BOL_DE68-04050B-04_MK.indd 29

2013-09-16 �� 6:49:34

Page 93
Image 93
Samsung GE73A/XEO manual ШТО ДА Направите АКО СЕ Сомневате ИЛИ Имате Проблем, Специјални Совети, Промешајте после топењето