ИНСТАЛИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА

1.Отстранете ја амбалажата од

внатрешноста на печката. Поставете

ги кружниот прстен и плочата. Проверете дали чинијата се врти слободно.

2. Микробрановата печка треба да се постави така да приклучокот биде достапен.

Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со специјален кабел кој може да го набавите од производителот или сервисерот. За ваша безбедност, приклучете го кабелот во соодветен AC приклучок со заземјување. Ако кабелот од уредот е оштетен, треба да се замени со специјален кабел.

Не поставувајте ја микробрановата печка во топла и влажна околина како на пример во близина на шпорет или радијатор. Спецификациите за напојување на печката треба да се почитуваат

исекој продолжителен кабел треба да ги задоволува истите стандарди кои важат за кабелот кој се испорачува со печката. Пред првото користење на микробрановата печка избришете ја внатрешноста и вратата за затворање со влажна крпа.

одржување

ЧИСТЕЊЕ

Чистете ја печката редовно за да спречите наталожување на нечистотии на или во печката. Исто така, добро внимавајте на вратата, заштитата на вратата, вртливата плоча и кружниот прстен (само за моделите кај кои е применливо).

Ако вратата не се отвора или затвора непречено, прво проверете дали на заштитата на вратата се наталожиле нечистотии. Исчистете ја надворешната и внатрешната страна на печката со мека крпа и сапуница. Исплакнете и исушете добро.

Како да отстраните тврдокорни нечистотии со лоша миризба во внатрешноста на печката

1.Кога печката е отворена, ставете чаша со разблажен лимонов сок во центарот на вртливата плоча.

2.Загрејте ја печката 10 минути на максимална моќ.

3.По завршување на циклусот, почекајте да се излади печката. Потоа, отворете ја вратата и исчистете го просторот за готвење.

Чистење на внатрешноста на моделите со подвижен грејач

За да ја исчистите горната површина

на просторот за готвење, спуштете

го горното грејно тело за 45° (A) какоA што е прикажано. На овој начин ќе можете полесно да ја исчистите горната површина. Кога ќе завршите, вратете го горното грејно тело во својата положба.

ВНИМАНИЕ

Вратата и површината за затворање треба да бидат чисти и погрижете се вратата да се отвора и затвора непречено. Во спротивно, работниот век на печката може да се намали.

Внимавајте да не истурите вода во отворите на печката.

Не користете какви било абразивни или хемиски супстанции за чистење.

По секое користење на печката, користете благ раствор од детергент за да го исчистите просторот за готвење, откако печката ќе се излади.

Македонски - 12

FG87SST_BOL_DE68-03132X-04_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 12

2017-12-06 ￿￿ 5:03:54

Page 84
Image 84
Samsung FG87SST/XEH, FG87SUB/XEO, FG87SUB/BOL, FG87SST/BOL manual Одржување, Инсталирање НА Микробрановата Печка, Чистење