6.Притиснете го копчето .

Резултат: Печењето со грејач започнува. По

завршувањето.

1)Се слуша звучен сигнал "бип" четирипати.

2)Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати (еднаш во минута).

3)Моменталното време повторно се прикажува.

Не грижете се ако грејачот се исклучува или вклучува додека работи. Системот има вградена заштита од прегревање.

Секогаш употребувајте ракавици кога ги допирате садовите во печката бидејќи тие може да бидат многу жешки. Проверете дали грејниот елемент е во хоризонтална положба.

КОМБИНИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВИ И ГРЕЈАЧ

Можете да комбинирате готвење со микробранови и грејач, за истовремено готвење и печење.

СЕКОГАШ употребувајте само садови наменети за микробранови печки. Чиниите од стакло и керамика се идеални бидејќи дозволуваат микробрановите лесно да продрат до храната.

СЕКОГАШ употребувајте ракавици кога ги допирате садовите во печката, бидејќи можат да бидат многу жешки.

1.Отворете ја вратата од печката. Ставете ја

храната на решетката, а решетката на плочата. Затворете ја вратата.

2.Притиснете го копчето за Комбинирање ().

Резултат: Се прикажува следното:

(режим на микробранови и грејач) 600 W (излезна моќност)

Изберете го соодветното ниво на јачина со притиснување на

копчето за Комбинирање () сè додека не се прикаже соодветното ниво.

Нема можност за поставување на температурата на грејачот.

3.Поставете го времето на готвење со притиснување на копчињата () и () според потребите. Максималното време на готвење е 60 минути.

4.Притиснете го копчето .

Резултат: Комбинираното готвење започнува. По завршувањето.

1)Се слуша звучен сигнал "бип" четирипати.

2)Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати (еднаш во

минута).

3) Моменталното време повторно се прикажува.

Максималната моќност при комбинирано готвење со микробранови и грејач изнесува 600 W.

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЗВУЧНИОТ СИГНАЛ

Звучниот сигнал можете да го исклучите во секое време.

1.Истовремено притиснете ги копчињата и .

Резултат:

• Се прикажува следното.

Печката не емитува звучен сигнал при секое притиснување на копче.

2.За вклучување на звучниот сигнал, повторно

притиснете ги истовремено копчињата и .

Резултат:

Се прикажува следното.

Печката повторно ќе емитува звучни сигнали.

употреба 04 печкатана

Македонски - 23

FG87SST_BOL_DE68-03132X-04_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 23

 

 

2017-12-06 ￿￿ 5:04:00