Не инсталирајте го уредот на места каде што може да дојде до протекување на гас. •  Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Не користете претворач на струја.

•  Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Не употребувајте оштетен штекер, оштетен кабел или лабав приклучок за струја. •  Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Немојте да го влечете или силно да го виткате кабелот.

Немојте да го превиткувате или да го врзувате кабелот.

Немојте да го закачувате кабелот за струја преку метален предмет, да ставате тешки предмети врз него, да го приклештувате помеѓу предмети или да го пикате во просторот зад уредот.

Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Немојте да го влечете кабелот кога го исклучувате уредот од струја. •  Извлечете го штекерот од држејќи го телото на штекерот.

•  Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Овој уред треба да се позиционира така што приклучокот за напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод да бидат достапни.

ОПОМЕНА: ВНИМАВАЈТЕ при инсталацијата

Овој уред треба да се позиционира на таков начин што приклучокот за напојување ќе биде лесно достапен.

•  Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар заради електрично истекување.

Инсталирајте го вашиот уред на цврста и рамна површина која може да ја издржи неговата тежина. •  Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до абнормални вибрации, движења, шум или

проблеми со производот.

Немојте да го инсталирате овој уред на места изложени на ниска температура. •  Мразот може да предизвика пукање на цевките.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сериозни ПРЕДУПРЕДУВАЊА при користењето

Ако уредот е преплавен, веднаш исклучете ги доводите на вода и напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

•  Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.

•  Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар.

Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

•  Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Ако дојде до протекување на гас (на пример пропан, течен гас, итн.), веднаш проветрете, без да го допирате штекерот. Не допирајте ги уредот или кабелот.

•  Немојте да користите вентилатор.

•  Една искра може да предизвика експлозија или пожар.

Не дозволувајте им на децата да играат во или врз машината за перење. Освен тоа, при отстранување на уредот, отстранете ја рачката на вратата од машината за перење.

•  Доколку некое дете се заглави во производот, може да се задуши до смрт.

Македонски - 6

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 6

2015/9/8 14:01:36

Page 438
Image 438
Samsung WW90H7410EW/LE manual Опомена Внимавајте при инсталацијата, Предупредување Сериозни Предупредувања при користењето