Цедење

Samsung препорачува висина на хидрантот од 65cm. Цревото за одвод мора да биде поврзано преку штипката за црево со хидрантот, а хидрантот мора целосно да го покрива цревото за одвод.

Поставување на под

За најдобро функционирање, машината за перење мора да се инсталира на цврст под. Кај дрвените подови може да биде потребно зајакнување за да се минимизираат вибрациите и/или небалансираното работење. Килимите и меките површини не се отпорни на вибрации и може да предизвикаат мало придвижување на машината за перење за време на циклусот на центрифуга.

ОПОМЕНА: НЕ ја инсталирајте машината за перење на платформа или структура со слаба потпора.

Температура на водата

Немојте да ја инсталирате машината за перење во области во кои е можно замрзнување на водата, бидејќи во машината за перење секогаш се задржува мало количество вода во вентилите за вода, пумпите и/или цревата. Замрзнатата вода останата во поврзувачките делови може да предизвика оштетување на ремените, пумпата и другите компоненти на машината за перење.

Инсталирање во ниша

Минимален празен простор за стабилно функционирање:

Странично

25 mm

Задна страна

50 mm

 

 

 

 

Горна страна

25 mm

Предна страна

500 mm

 

 

 

 

Доколку машината за перење и машината за сушење се инсталираат заедно, предниот дел од нишата мора да има непречен отвор за воздух од најмалку 500 mm. Само за машината за перење не е потребен посебен отвор за воздух.

Македонски - 13

02 МОНТИРАЊЕ

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 13

2015/9/8 14:01:37

Page 445
Image 445
Samsung WW80H7410EW/LE, WW90H7410EW/LE manual Цедење, Поставување на под, Инсталирање во ниша, 02 Монтирање