7.Поврзете го другиот крај од цревото за довод на вода на отворот на вентилот на задната страна од машината за перење. Завртете го

цревото надесно за да го зацврстите.

8.Отворете ја славината за вода и проверете дали има протекување

околу областите на поврзување. Доколку протекува вода, повторете ги горенаведените чекори.

Ако употребувате славина за вода со приклучок со навртување, поврзете го цревото за вода со славината за вода како што е прикажано.

Употребувајте познат тип на славина за вода. Доколку моменталната

славина е четириаголна или премногу голема, отстранете го прстенот за приспособување пред да го вметнете адаптерот во славината за вода.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Престанете да ја користите машината за перење ако протекува вода и контактирајте со локален сервисен центар на Samsung. Во спротивно, ова може да предизвика електричен удар.

ВНИМАНИЕ

Не употребувајте сила при затегнувањето на цревото за довод на вода. Ако цревото е прекратко, заменете го со подолго црево за висок притисок.

Откако ќе го поврзете цревото за довод на вода со адаптерот, проверете дали цревото за довод на вода е правилно поврзано повлекувајќи го надолу.

Употребувајте познат тип на славина за вода. Доколку славината е четириаголна или премногу голема, отстранете го прстенот за приспособување пред да ја вметнете славината во адаптерот.

За модели што имаат дополнителен довод за топла вода:

1.Поврзете го црвениот крај од цревото за довод на топла вода со отворот за топла вода на задната страна од машината.

2. Поврзете го другиот крај од цревото за довод на топла вода со славината за топла вода.

Македонски - 16

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 16

2015/9/8 14:01:37

Page 448
Image 448
Samsung WW90H7410EW/LE, WW80H7410EW/LE manual Внимание, За модели што имаат дополнителен довод за топла вода