Услови за монтирање

Довод на електрична струја и заземјување

•  Потребен е AC 220-240 V / 50 Hz осигурувач или прекинувач на електрично коло

•  Користете одделна гранка од електрично коло наменета за машината за перење

За да се обезбеди правилно заземјување, машината за перење се испорачува со кабел за напојување со заземјен приклучок со три елементи, за вметување во правилно инсталиран и заземјен штекер.

Консултирајте се со квалификуван електричар или сервисер ако не сте сигурни во врска со заземјувањето.

Немојте да го модифицирате испорачаниот приклучок. Доколку не може да се вметне во штекерот, повикајте квалификуван електричар и поставете соодветен штекер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

•  НЕ употребувајте продолжителен кабел.

•  Користете го само кабелот за напојување кој се испорачува со машината за перење.

•  НЕ поврзувајте ги жиците за заземјување на пластични водоводни цевки, цевки за гас или цевки за топла вода.

•  Неправилно поврзаните спроводници за заземјување може да предизвикаат електричен удар.

Довод на вода

Соодветен притисок на водата за оваа машина за перење е помеѓу 50 kPa и 800 kPa. Притисок на водата помал од 50 kPa може да биде причина вентилот за вода да не се затвора целосно. Или, може да биде потребно подолго време за полнење на барабанот, при што ќе се исклучи машината за перење. Славините за вода не треба да бидат подалеку од 120 cm од задниот дел на машината за перење, за да може да се поврзат испорачаните црева за довод на вода со машината за перење.

За да се намали ризикот од протекување

•  Нека славините за вода бидат лесно достапни.

•  Ги затворите славините кога машината за перење не се користи.

•  Редовно проверувајте дали протекува вода на спојните места на цревата за довод.

ОПОМЕНА: Ги проверите сите спојни места на вентилите за вода и славините пред првото користење на машината за перење.

Македонски - 12

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 12

2015/9/8 14:01:37

Page 444
Image 444
Samsung WW90H7410EW/LE, WW80H7410EW/LE manual Услови за монтирање, Довод на електрична струја и заземјување, Довод на вода