Монтирање чекор по чекор

ЧЕКОР 1 - Изберете место

Услови што треба да ги исполнува местото:

Тврда и рамна подлога без килим или под кои може да ја попречат вентилацијата

Подалеку од директна сончева светлина

Соодветна просторија за вентилација и инсталација

Собната температура да биде секогаш повисока од точката на замрзнување (0 ˚C)

Подалеку од извор на топлина

ЧЕКОР 2 - Отстранете ги транспортните чепови

Распакувајте ја амбалажата на производот и извадете ги сите транспортни чепови.

1. Олабавете ги сите транспортни чепови на задната страна од машината со испорачаниот кукаст клуч.

2.Покријте ги отворите со испорачаните пластични капачиња за завртки.

Чувајте ги транспортните чепови за понатамошна употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Амбалажата може да биде опасна за децата. Отстранете ја целата амбалажа (пластични ќесиња, полистирен итн.) надвор од дофат на децата.

ЧЕКОР 3 - Приспособете ги приспособливите ногарки

1.Внимателно наместете ја машината за перење на својата позиција. Прекумерната сила може да ги оштети приспособливите ногарки.

2. Нивелирајте ја машината за перење со рачно приспособување на приспособливите ногарки.

3.Штом ќе завршите со нивелирањето, прицврстете ги навртките користејќи кукаст клуч.

Македонски - 14

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 14

2015/9/8 14:01:37

Page 446
Image 446
Samsung WW90H7410EW/LE manual Монтирање чекор по чекор, Чекор 1 Изберете место, Чекор 2 Отстранете ги транспортните чепови