Инструкции за перење

ЧЕКОР 1 - Сортирајте

Сортирајте ги алиштата за перење според овие критериуми:

Ознака за грижа: Сортирајте ја облеката во памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.

Боја: Одделете ја белата облека од облеката во боја.

Големина: Со мешање на алишта со различна големина во барабанот се подобрува ефикасноста на перењето.

Чувствителност: Перете ги деликатните работи одделно, употребувајќи ја опцијата EasyIron (Лесно пеглање) за нови предмети од чиста волна, завеси и свилени предмети. Проверете ги етикетите на предметите.

Задолжително проверете ја етикетата за чување на алиштата, а потоа сортирајте ги соодветно пред да започнете со перење.

ЧЕКОР 2 - Испразнете ги џебовите

Испразнете ги сите џебови од алиштата за перење.

Металните предмети, како на пр. монети, игли и токи на алиштата може да ги оштетат другите алишта

за перење, како и барабанот.

Превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез.

Доколку патентите на панталоните и јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување

на барабанот. Патентите треба да се затворат и да се обложат со лента.

Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта. Пред перењето треба да го

ограничите движењето на лентите.

ЧЕКОР 3 - Употребувајте мрежа за перење

Градниците (што се перат со вода) мора да бидат ставени во мрежа за перење. Металните делови од

градниците може да го пробијат материјалот и да ги распараат другите алишта што се перат.

Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу

вратата. Ставете ги во мала мрежа за перење.

Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да предизвика ненормални

вибрации кои може да ја поместат машината за перење при што може да дојде до повреда.

ЧЕКОР 4 - Претперење (ако е потребно)

Додајте ја опцијата Prewash (Претперење) на избраниот тек со детергент со протеинска основа за памучни алишта што се многу контаминирани.

Македонски - 19

03 ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 19

2015/9/8 14:01:38

Page 451
Image 451
Samsung WW80H7410EW/LE, WW90H7410EW/LE manual Инструкции за перење, Чекор 1 Сортирајте, Чекор 2 Испразнете ги џебовите