Филтер за остатоци

Се препорачува да го чистите филтерот за отпадоци 5 или 6 пати годишно за да спречите затнување. Затнатиот филтер за отпадоци може да го намали ефектот на создавање меурчиња.

1.Исклучете ја машината за перење и откачете го кабелот за напојување.

2.Испуштете ја преостанатата вода во внатрешноста на барабанот

откако ќе го прочитате делот„Испуштање на водата при вонредни ситуации“ на страница 31.

3.Отворете го капакот на филтерот со паричка или клуч.

4.Завртете го капакот на филтерот за отпадоци налево, па испуштете ја преостанатата вода.

5.Отстранете го филтерот за отпадоци.

6.Исчистете го филтерот за отпадоци користејќи меки четки.

Внимавајте перката на одводната пумпа во филтерот да не биде затната.

7. Повторно ставете го филтерот за отпадоци, па завртете го капакот на филтерот надесно.

• За да го отворите безбедносниот капак на филтерот, турнете навнатре и завртете го налево. Пружината на капакот помага при отворањето на капакот.

За да го затворите безбедносниот капак на филтерот,

завртете го надесно. Пружината ќе испушти силен звук, што е нормално.

• Ако филтерот за отпадоци е затнат, на екранот се појавува код за грешка од„5E“.

ВНИМАНИЕ

Проверете дали капакот на филтерот е правилно затворен откако ќе го исчистите филтерот. Во

спротивно, ова може да предизвика протекување.

Проверете дали филтерот е правилно поставен откако ќе го исчистите. Во спротивно, ова може

да предизвика нефункционирање на уредот или протекување.

05 ОДРЖУВАЊЕ

Македонски - 33

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 33

2015/9/8 14:01:43

Page 465
Image 465
Samsung WW80H7410EW/LE, WW90H7410EW/LE manual Филтер за остатоци, Спротивно, ова може да предизвика протекување