ОПОМЕНА: Со цел да се избегне ризик поради ненамерно ресетирање на термалниот осигурувач, овој уред не смее да се напојува преку надворешен склопен уред, како на пример тајмер, или да биде поврзан со коло што редовно се вклучува или исклучува од страна на услужната програма.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сериозни ПРЕДУПРЕДУВАЊА при инсталацијата

Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано техничко лице или компанија за сервисирање.

•  Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреди.

Уредот е тежок, па затоа внимавајте кога го подигнувате.

Приклучете го кабелот за напојување во AC 220 - 240 V / 50 Hz ѕиден штекер и тој штекер употребувајте го единствено за овој уред. Никогаш не користете продолжителен кабел.

•  Доколку ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го продолжите кабелот за напојување може да дојде до електричен удар или пожар.

•  Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние од спецификациите на производот. Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар. Цврсто вметнете го штекерот во приклучокот за струја.

Со сува крпа редовно отстранувајте ги сите страни материи, како што се прав или вода, од терминалите на штекерот.

•  Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.

•  Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Приклучокот за напојување вметнете го во ѕидниот штекер, така што кабелот паѓа надолу кон подот. •  Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен нагоре),

електричните жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи таа може да биде опасна за нив. •  Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да се задуши.

Кога уредот, приклучокот за напојување или кабелот за напојување ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.

Уредот мора да биде прописно заземјен.

Не заземјувајте го уредот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонски вод.

•  Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.

•  Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е правилно заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и националните регулативи.

Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или кој било запалив материјал.

Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место или, пак, на место изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).

Немојте да го инсталирате овој уред на места изложени на ниска температура.

•  Мразот може да предизвика пукање на цевките.

Македонски - 5

01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 5

2015/9/8 14:01:36

Page 437
Image 437
Samsung WW80H7410EW/LE, WW90H7410EW/LE manual Предупредување Сериозни Предупредувања при инсталацијата