Насоки за фиоката за детергент

Машината за перење располага со диспензер со три прегради: левата преграда за главното перење, централната за омекнувачи на ткаенина, а десната за претперење.

Преграда за детергентот за претперење

Преграда за детергентот за главно перење: прашоци за перење, омекнувачи на вода, средства за накиснување, белило и отстранувачи на дамки

Преграда за омекнувачот на ткаенина

ВНИМАНИЕ

Немојте да ја отворате фиоката за детергент додека работи машината за перење.

Немојте да ги користите следниве типови детергенти: •  Детергент во вид на таблета или капсула •  Детергенти за кои е потребна топка или мрежа

За да спречите затнување на преградата, концентрираните средства или многу збогатените

средства (омекнувач на ткаенини или детергент) мора да бидат растворени со вода пред да се нанесат.

Фиоката за детергент се наоѓа во горниот лев агол од машината за перење.

1.Лизгајте за да ја отворите фиоката за детергент.

2. Нанесете соодветно количество детергент во левата преграда ( ).

За користење течен детергент, видете ги насоките за течен детергент подолу.

3. Нанесете соодветно количество омекнувач за ткаенини во централната преграда ( ) ако е потребно.

Не надминувајте ја линијата за максимум ( ) којашто е обележана на преградата.

03 ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ

Македонски - 21

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 21

2015/9/8 14:01:39

Page 453
Image 453
Samsung WW80H7410EW/LE, WW90H7410EW/LE manual Насоки за фиоката за детергент, Внимание