Smart check (Паметна проверка)

За да ја активирате оваа функција, мора прво да ја преземете апликацијата„Samsung Smart Washer“ (Samsung паметна машина за перење) од Google Play или App Store и да ја инсталирате на мобилен уред што има камера/фотоапарат.

Функцијата Smart Check (Паметна проверка) е оптимизирана за: Galaxy и iPhone серии (нема поддршка за некои модели)

1.Истовремено притиснете ги и држете ги копчињата Spin (центрифуга) и Options (Опции) во рок од 3 секунди за да влезете во режимот Smart Check (Паметна проверка).

2.Машината за перење ја започнува постапката за самодијагноза и се прикажува код за грешка ако се

открие грешка.

3.Активирајте ја апликацијата Samsung Smart Washer (Samsung паметна машина за перење) на вашиот мобилен уред, па допрете на Smart Check (Паметна проверка).

4.Поставете го мобилниот уред спроти екранот на машината за перење, така што мобилниот уред и машината за перење се поставени лице в лице. Потоа, апликацијата автоматски ќе го препознае кодот за грешка.

5.Ако апликацијата точно го препознае кодот за грешка, ќе даде детални информации за грешката со насоки за тоа што треба да се стори.

• Името на функцијата, Smart Check (Паметна проверка), може да се разликува во зависност од јазикот.

Ако на екранот на машината за перење се појави светло, апликацијата можеби не може да го препознае кодот за грешка.

Ако апликацијата неколкупати со ред не го препознае кодот за Smart Check (Паметна проверка), внесете го кодот за грешка рачно на екранот од апликацијата.

Македонски - 30

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 30

2015/9/8 14:01:42

Page 462
Image 462
Samsung WW90H7410EW/LE, WW80H7410EW/LE manual Smart check Паметна проверка