Безбедносни информации

Ви честитаме за вашата нова машина за перење од Samsung. Ова упатство содржи важни информации за инсталирањето, користењето и грижата за Вашиот уред.

За целосно да ги искористите придобивките и функциите на вашата машина за перење, ве молиме одвојте малку време за да го прочитате упатството.

Што треба да знаете за упатствата за безбедно работење

Ве молиме внимателно да го прочитате упатството, за да бидете сигурни дека знаете како безбедно

иефикасно да ракувате со важните функции на вашиот нов уред. Ве молиме чувајте го упатството на безбедно место во близина на уредот за понатамошно консултирање. Користете го уредот само за предвидената намена, како што е опишано во упатството работа.

Предупредувањата и Важните упатства за безбедно работење од ова упатство не ги покриваат сите можни услови и ситуации до коишто може да дојде. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на вашата машина за перење.

Бидејќи следните инструкции за користење опфаќаат различни модели, карактеристиките на вашата машина за перење можат малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и можно е некои предупредувања да не бидат релевантни. Доколку имате прашања или одредени грижи, обратете се до најблискиот сервисен центар или побарајте помош и информации преку интернет од www.samsung.com.

Важни симболи за безбедност

Што значат иконите и знаците во ова упатство:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни повреди, смрт и/или оштетување на околината.

ВНИМАНИЕ: Ризично или опасно ракување кое може да предизвика повреди и/или оштетување на околината.

ЗАБЕЛЕШКА

Целта на овие предупредувачки знаци е да спречат повреда кај вас и кај другите лица. Ве молиме следете ги експлицитно.

Откако ќе го прочитате ова упатство, складирајте го на безбедно место за понатамошно консултирање.

Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите апаратот.

Како и кај сите други уреди кои користат електрични и подвижни делови, постојат одредени потенцијални опасности. За безбедно користење на уредот, запознајте се со начинот на функционирање и бидете внимателни при неговото користење.

01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Македонски - 3

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 3

2015/9/8 14:01:36

Page 435
Image 435
Samsung WW80H7410EW/LE, WW90H7410EW/LE manual Безбедносни информации, Што треба да знаете за упатствата за безбедно работење