Samsung WW90H7410EW/LE, WW80H7410EW/LE manual Чекор 5 Одредете го капацитетот на полнење

Models: WW90H7410EW/LE WW80H7410EW/LE

1 768
Download 768 pages 5.43 Kb
Page 452
Image 452

ЧЕКОР 5 - Одредете го капацитетот на полнење

Не преполнувајте ја машината за перење, бидејќи алиштата може да не се исперат добро. Прочитајте на страница 25 за капацитетот на полнење за типот на алишта.

При перење постелнина или навлаки, времетраењето на перењето може да биде продолжено или може да се намали ефикасноста на центрифугата. За постелнина или навлаки, препорачаната максимална брзина на центрифугирање е 800 вртежи во минута, а капацитетот на полнење е 2,0 kg или помалку.

ОПОМЕНА: Ако алиштата за перење не се урамнотежени и се појави кодот за грешка„UE“, прераспоредете го товарот. Неурамнотеженоста на алиштата за перење може да ја намали ефикасноста на центрифугата.

ЧЕКОР 6 - Употребувајте соодветен детергент

Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој „не пени“ премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.

Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Ако немате информации за тврдоста на водата, обратете се во локалното претпријатие за водоснабдување.

Немојте да употребувате детергент што може да се стврдне или згусне. Ваквиот детергент може да се задржи по циклусот на плакнење, блокирајќи го излезот на одводот.

ОПОМЕНА: Употребувајте само неутрален течен детергент за волна користејќи го циклусот Wool (Волна). Прашокот за перење во циклусот Wool (Волна) може да остане на алиштата за перење и да ги обезбои.

Македонски - 20

WW90H7410EW-03403R-06_MK.indd 20

2015/9/8 14:01:38

Page 452
Image 452
Samsung WW90H7410EW/LE manual Чекор 5 Одредете го капацитетот на полнење, Чекор 6 Употребувајте соодветен детергент