Монтирање на рерната

Не заборавајте да оставите простор (A) од најмалку 5 mm помеѓу рерната и сите страни на орманот.

A

Ставете ја рерната во орманот и добро прицврстете ја од двете страни со помош на 2 завртки.

По завршувањето на инсталацијата, отстранете ја заштитната фолија, лентата и другите материјали од пакувањето, а потоа извадете ги испорачаните додатоци од внатрешноста на рерната.

За да ја отстраните рерната од орманот, прво исклучете го нејзиното напојување и отстранете ги 2-те завртки од двете страни на рерната.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

На рерната ѝ е потребна вентилација за да функционира нормално. Не ги блокирајте отворите за вентилација под никакви околности.

ЗАБЕЛЕШКА

Реалниот изглед на рерната може да се разликува според моделот.

Пред да започнете

Почетни поставки

Кога ќе ја вклучите рерната прв пат, на екранот ќе се прикаже зададеното време “12:00” и полето за часови (“12”) ќе започне да трепка. Следете ги чекорите подолу за да го поставите тековното време.

1.Додека полето за часови трепка, завртете го вртливото копче (надесно) за да го поставите часот,

а потоа притиснете OK за да преминете во полето за минути.

2.Додека полето за минути трепка, завртете го

вртливото копче за да ги поставите минутите, а потоа притиснете OK.

За да го промените тековното време откако ќе го извршите почетното поставување, притиснете и задржете го копчето во период од 3 секунди и следете ги чекорите погоре.

Миризба на нова рерна

Пред да започнете со првото користење на рерната, исчистете ја нејзината внатрешност за да се отстрани мирисот на нова рерна.

1.Отстранете ги сите додатоци од внатрешноста на рерната.

2.Вклучете ја рерната во режим на Конвекција 200 °C или Класично 200 °C во период од еден час. На овој начин ќе ги изгорите сите останати супстанции од производството во рерната.

3.Кога ќе завршите, исклучете ја рерната.

Македонски  9

Пред да започнете

NV70K2340RB_OL_DG68-00759A-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 9

2016-12-19 ￿￿ 4:56:19

Page 73
Image 73
Samsung NV70K2340RB/EO, NV70K2340RB/OL Пред да започнете, Почетни поставки, Миризба на нова рерна, Монтирање на рерната