Samsung GE109MST1/BOL manual Подгревање Течности

Models: GE109MST1/BOL

1 272
Download 272 pages 22.32 Kb
Page 94
Image 94

Водич за готвење на ориз и тестенини

Ориз: Употребете голем стаклен огноотпорен сад со капак – при готвење оризот двојно го зголемува волуменот. Гответе покриено.

По готвењето, промешајте пред да отстои и додадете сол, зачин или путер. Забелешка: оризот може да не ја апсорбира целата вода по истекот на времето за готвење.

Тестенини: Употребете голем стаклен огноотпорен сад. Додадете врела вода,

малку сол и добро промешајте. Гответе непокриено. Промешувајте повремено за време и после готвењето. Покријте додека стои и потоа исцедете.

Храна

Големина на

Напојување

Време (мин.)

порции

 

 

 

 

 

 

 

Бел ориз

250 g

900 W

15-16

(полуварен)

375 g

 

17½-18½

 

Инструкции

 

 

 

Додадете 500 ml ладна вода (250 g). Додадете 750 ml ладна

 

вода (375 g). Почекајте 5 минути.

 

Интегрален ориз

250 g

900 W

20-21

(полуварен)

375 g

 

22-23

 

Инструкции

 

 

 

Додадете 500 ml ладна вода (250 g). Додадете 750 ml ладна

 

вода (375 g). Почекајте 5 минути.

 

Мешан ориз

250 g

900 W

16-17

(ориз + див ориз)

Инструкции

 

 

 

Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.

Мешани житарици

250 g

900 W

17-18

(ориз + жито)

Инструкции

 

 

 

Додадете 400 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.

Тестенини

250 g

900 W

10-11

 

Инструкции

 

 

 

Додадете 1000 ml топла вода. Почекајте 5 минути.

ПОДГРЕВАЊЕ

Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од стандардниот шпорет. Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на температура од +5 до +7 °C.

Распоредување и покривање

Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо – тие може премногу да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.

Нивоа на јачина и промешување

Некоја храна може да се згрева со јачина од 900 W додека друга со јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.

Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).

Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред сервирање.

Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради заштита од превривање

иможни изгореници, промешајте пред, за време и по загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат. Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во течностите. Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на квалитетот) на храната.

Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е потребно да додадете

дополнително време.

Време на греење и стоење

Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време – може да ви користи во иднина. Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно стоплена. Дозволете храната да постои одредено време по подгревањето - за да се изедначи температурата. Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е поинаку прикажано во табелата. Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го делот за безбедносни мерки.

ПОДГРЕВАЊЕ ТЕЧНОСТИ

Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по загревањето. Заради заштита од превривање и можни изгореници, ставете пластична лажица или стаклена прачка во пијалаците и промешајте пред, за време и по загревањето.

Македонски - 26

GE109MST1_BOL-DE68-04287A-01_MK.indd 26

20/12/2014 13:40:56

Page 94
Image 94
Samsung GE109MST1/BOL manual Подгревање Течности