Samsung GE109MST1/BOL manual Отстранување НА Проблеми, Совети

Models: GE109MST1/BOL

1 272
Download 272 pages 22.32 Kb
Page 99
Image 99

СОВЕТИ

ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД

Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.

Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W, додека медот не се истопи.

ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН

Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода. Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад. Загревајте 1 минута со јачина од 300 W.

Промешајте после топењето.

ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ) Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.

Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со јачина од 900 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте двапати додека готвите.

ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ

Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен огноотпорен сад со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро.

Гответе покриено околу 10-12 минути со јачина од 900 W.

Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак. Затворете по 5 минути.

ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ/ КРЕМ

Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен сад со капак. Гответе покриено околу 6½ до 7½ минути со јачина од 900 W.

Промешајте добро неколку пати додека готвите.

ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ

Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна големина. Промешајте неколку пати за време на печењето од 3½ до 4½ минути со јачина од 600 W. Оставете да отстојат 2-3 минути во печката. Употребете ракавици при вадењето!

отстранување на проблеми и код на грешка

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги понудените решенија.

Ова е нормално.

Кондензација во внатрешноста на печката.

Струење на воздух околу вратата и надворешноста.

Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.

Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.

Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето START/+30s (Активирање/+30s).

Дали вратата е целосно затворена?

Храната воопшто не е зготвена.

Го поставивте ли времето правилно и/или дали го притиснавте копчето START/+30s (Активирање/+30s)?

Дали вратата е затворена?

Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на

осигурувачот?

Храната е премногу или недоволно зготвена.

Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот тип на храна?

Дали сте избрале соодветна јачина?

Светилката не работи.

Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради безбедносни

причини. Ве молиме обратете се во најблискиот овластен центар за грижа за корисници на Samsung и побарајте квалификуван инженер да ја замени светилката.

Печката предизвикува пречки кај радиоприемниците или телевизорите.

Додека се користи печката може да се јават мали пречки кај радиоприемниците или

телевизорите. Ова е нормално. За да го отстраните проблемот, поставете ја печката подалеку од телевизорите, радиоприемниците и антените.

Ако се јават пречки кај микропроцесорот на печката, екранот може да се ресетира.

За да го отстраните проблемот, исклучете го кабелот за напојување и повторно

вклучете го. Повторно поставете го времето.

(продолжение)

07 ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Македонски - 31

GE109MST1_BOL-DE68-04287A-01_MK.indd 31

20/12/2014 13:40:59

Page 99
Image 99
Samsung GE109MST1/BOL manual Отстранување НА Проблеми, Совети